Најсексапилната навивачка на Мундијалот, како што многу странски медиуми ја нарекоа Ивана Кнол (30), ги покажа сите свои адути – овој пат во Лондон.
Таа беше фотографирана како влегува во луксузниот ресторан Ours во Јужен Кенсингтон, а спремно им позираше на фотографите во оскудна облека и бунда.
Според The Sun, Ивана таму била дел од прославата на 46-от роденден на поранешниот американскиот професионален боксер Флојд Мејведер.
Друштвото на забавата пиело шампањ „Дом Перињон“, а во ресторанот бил и познатиот холивудски актер и оскаровец Џејми Фокс, со кого Ивана неодамна се дружела во САД.
Во истата предизвикувачка комбинација претходно истиот ден, таа сними провокативно видео на улиците во Лондон, со кое веднаш се пофали на социјалните мрежи.
– Ќе предизвикаш сообраќајни несреќи во Лондон! Ти си најубавата жена на светот – ѝ напишале обожавателите.
Be the first to write a comment.