Еден ученик од скопската гимназија „Корчагин“ се самоубил, напиша на Фејсбук професорката од Институтот за физика Мимоза Ристова, повикувајќи ги надлежните да преземат мерки и да им помогнат на учениците, од кои ногумина се соочуваат со психолошки трауми.
Ристова пишува дека средношколецот „ги зел оценките и си пресудил“, а во коментарите додава и дека ученикот, чијшто закоп бил извршен денеска, „точно кажал зошто се самоубил со времето на самубиството, непосредно по земање на свидителството“.
Еве ја во целост нејзината објава:
„ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ – ТАГА НЕВИДЕНА (ги земал оценките и си пресудил)
1. МОН и Образовен инспектор веднаш да преземе вонреден инспекциски надзор (ама сериозен). Да ги анкетира учениците и да го лоцира проблемот (со помош на експерти по психологија). Постојат професори кои им прават булинг и мобинг на учениците, им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт. Во сите гимназии има вакви гадни ликови кои треба да се отстранат, Во нашава држава ученици и родители се плашат да пријавуваат, зашто знаат дека никој ништо нема да преземе за да ги заштити, туку напротив, ги чека освета од гадот/гадурата кој/која на нив лечи лични фрустрации.
2. Анкетирањето да се спроведе по другите гимназии за да се лоцира потенцијалниот причинител на ученичка смрт, за да се превенира.
3. Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата.
Оваа жална вест нека ги покрене механизмите, ако постои некаква држава наместо мафијашка усмрдена баруштина.
Моето најдлабоко сочувство до родителите“, пишува професорката Мимоза Ристова во објавата, која предизвика лавина од реакции и коментари.
Ристова во првичната објава на постот имаше спомнато одредена Данела (н.з. градоначалничката на Скопје), но откако од член на фамилијата на починатото момче беше замолена случајот да не се политизира, пренесувајќи молба од мајката на несреќното дете, Ристова го избриша делот од постот каде што се спомнува името Данела.
– Како член на фамилија, ве замолувам ова да не се политизира, ниту е до оценките тоа скраја да биде, само сакаме да се покрене иницијатива за ова повеке никому да не му се случи, ова тага да не ја искуси друга фамилија, молба од мајката, напиша извесен Славиша во коментарите под постот на Ристова, која на ова одговори:
– НАЈДЛАБОКО Сочувство. Ќе го избришам веднаш делот со ДАНЕЛА: Се извинувам.
Be the first to write a comment.