Сè уште владее агонија за 23-годишната Ериета, студентка по Архитектура, на која ѝ се губи трага по несреќата во Темпи. Во моментов, идентификувани се 56 мртви, а само еден случај на биолошки материјал, земен од роднина на Ериета, не е потврден. Според шефот на форензичката служба во Лариса, Рубини Леонтари, службата нема никакви докази.
– Температурата која се развила, според информациите на Противпожарната служба, на местото каде пламенот бил, била околу 1.000-1.100 степени Целзиусови. Така можете да разберете дека секој што бил во тој момент можеби нема да се најде. Засега немаме тело што одговара на ДНК-та на семејството. Ако таа беше во центарот на многу големиот пожар, очигледно не може да се најде, рече Леонтари.
Родителите на 23-годишната Ериета, студентката од Северна Грција, се во драматична ситуација. Родителите од првиот момент отишле во Лариса и се обиделе да најдат траги од неа и во болница и на местото на трагедијата. Но, засега никој не може да им даде никакви информации за нивното дете. Пријател на исчезнатата студентка зизјавил дека Ериета била во вагонот бр.2.
ДНК анализата е завршена
Форензичките лаборатории на Грчката полиција ја завршија лабораториската анализа на примероците што ги дадоа роднините на жртвите од трагедијата во Темпи.
Процесот „идентификуваше 56 мртви лица“, како што се вели во полициското соопштение. Бројката произлезе од компаративна анализа на 58 биолошки материјали од роднини на жртвите или нивни лични предмети и 108 примероци земени од трупови или делови од тела.
Полицијата прецизира дека „сите 108 земени примероци од тела или делови од тела одговараат на 56-те загинати“. „Само еден случај на биолошки материјал, добиен од роднина на исчезнато лице, не резултирал со совпаѓање бидејќи не е пронајден релевантен примерок“, известуваат од полицијата.
Конечно, за последниот примерок кој се однесува на исчезнат странец, земен е примерок од Холандија, кој е испратен во Грција.
Be the first to write a comment.