Костас Караманлис поднесе оставка од функцијата министер за инфраструктура и транспорт.
„Кога ќе се случи нешто толку трагично, невозможно е да се продолжи и да се правиме дека не се случило… Тоа се вика политичка одговорност. Поради оваа причина, најавувам оставка од функцијата министер за инфраструктура и транспорт“, најави тој.
„Ова е она што чувствувам дека е моја должност да го направам, како знак на почит кон споменот на луѓето кои загинаа толку неправедно и да преземам одговорност за грешките на грчката држава и грчкиот политички систем“, рече тој.
„Од дното на моето срце ја изразувам мојата тага и поддршка за семејствата на жртвите“, додаде тој.
Главниот уредник на KomotiniPress Николаос Арванитес за телевизијата N1 изјави дека според неговите информации причина за денешната железничка несреќа е системска грешка во управувањето со сигнализацијата. Тој додаде дека споменатиот проблем постои веќе неколку години.
„Официјалната причина е човечка грешка, но тоа се случи бидејќи до сега ништо не беше направено на системот. Морам да кажам дека од 24 јануари до 4 февруари годинава синдикатите го предупредија министерот дека има проблеми. Суштината на несреќата е лошата приватизација и системски грешки во железницата“, посочија Арванити.
„Според она што го дознаваме од теренот, од 354 лица, колку што имало патници и членови на персоналот на железницата, 194 се спасени, додека 42 се мртви, а 85 се повредени“, вели грчкиот новинар. Тој тврди дека грчките железници не се во најдобра состојба и дека е потребно да се обноват пругите бидејќи се стари од 40 до 50 години.
Да потсетиме, околу полноќ патнички и товарен воз се судрија во централна Грција. Спасувачките екипи по добиената пријава веднаш почнале да ги извлекуваат патниците од смачканите вагони. Подоцна беше објавено дека шефот на железничката станица во градот Лариса е обвинет за убиство од небрежност.
Be the first to write a comment.