„Суштеството во зелено им посака смрт на сите во Кремљ. Како некој ќе умре, не знаеме, бидејќи патиштата Господови се непознати. Но, наркозависникот од Киев има шанса да умре од своја рака. Може да побегне, кукавички да се самоубие. Како Хитлер“.
Вака напиша поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на својот канал на Телеграм. Медведев е познат по контроверзните изјави.
Самоубиството на Хитлер на кое се осврнува Медведев во објавата, според историските документи се случило на 30 април 1945 година во бункерот на фирерот во Берлин. Според една верзија фирерот испил цијанид, а според друга пукал во себеси.
Be the first to write a comment.