Малолетно момче од Велес било пронајдено тешко повредено на улица во градот и пренесено во болница, соопшти МВР.
„На 11.02.2023 околу 13.00 часот во СВР Велeс е пријавено дека во Општата болница Велес бил донесен со тешки телесни повреди малолетник од Велес, кој бил пронајден нa ул.„Алексо Демниевски” во Велес“, се вели во полициското соопштение, во кое не се наведуваат повеќе информации за видот на повредите и начинот на кој момчето се повредило.
Полицајци излегле на местото каде било пронајдено момчето и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Be the first to write a comment.