Откако Димитар Ковачевски и Арбен Таравари денеска го финализираа договорот за владина соработка, во следниот период треба да се реализира владина реконструкција.
Неофицијално, нов министeр од Алијанса за Албанците ќе бидe Кренар Лога, кој ќе го презеде ресорот правда од Никола Тупанчевски.
Нефрологот Фатмир Меџити, пак, ќе биде нов министер за здравство, кој доаѓа на местото на Беким Сали од Алтернатива, која во недела ќе одлучи дали ќе остане во владата или не.
Како што веќе објави „Фокус“, ДУИ ќе му го отстапи Министерството за животна средина на СДСМ, а нова министерка ќе биде државната секретарка Каја Шукова.
Исто така, објавивме дека Маја Манојлева, досегашна директорка на Заводот за рехабилитација ќе биде нов заменик министер за здравство.
Што се однесува до останатите заменици-министри, Вјолца Бериша ќе биде заменик-министерка за земјоделство, а Тирон Јахјага заменик за одбрана.
Be the first to write a comment.