Шампионската парада на аргентинските фудбалери низ улиците во Буенос Аирес, очекувано е проследена и со инциденти.

Еден од инцидентите се случи при поминувањето на автобусот со фудбалери под еден надвозник. Додека автобусот се движеше, двајца фанови се обидоа да скокнат кај фудбалерите, едниот успеа, но другиот падна на асфалтот.

Поради инцидентите, планираната тура од 70 километри, нема да се одржи во целост.