Српската државјанка Д.Д. (26) е уапсена во Црна Гора поради сомнение дека сакала да ја плати сметката со лажна банкнота од 100 евра. Немилиот инцидент се случил во ресторан на плажа во Улцињ.
– На 24 јули околу 03:30 часот, вработени во бар на плажа ја известиле Итната станица на Одделението за обезбедување Улцињ дека кај жена пронашле банкнота од 100 евра за која се сомневаат дека е фалсификувана и со која сакала да ја плати сметката, соопштуваат од Полициската управа на Црна Гора.
Полицијата презела активности во нејзина надлежност и открила дека Д.Д. (26) од Република Србија при плаќањето на сметката во споменатиот локал се обидела да искористи банкнота од 100 евра, за која знаела дека е лажна.
Известен е надлежен обвинител, кој делото го класифицира како фалсификување пари, а Д.Д. е приведена и со кривична пријава предадена е на понатамошна надлежност.
Be the first to write a comment.