Дека за една перфектна модна комбинација не треба многу туку малку, e проверено правило кое добро упатените и тоа како го знаат, овој пат го потврди на дело и Марјана Станојковска.
Нашата атрактивна русокоса Лото девојка е една од најактивните инфлуенсерки во земјата која редовно има нешто да рекламира и сугерира, а во случајов тоа беше црна едноставна комбинација во која ги воодушеви и мажите и жените, само што посилниот пол ја гледаше секси Марјана од своја перспектива.
Но затоа потоа…
Изборот падна на црни латекс хеланки, црна ролка и високи потпетици, останато не беше потребно, а од ваквиот минимализам во преден план дојдоа долгите вити нозе Марјана, ставата и безпрекорната линија која ја одржува откако ја знаеме.
Контрастот го направи долгата руса коса и очите нашминкани како мачка.
📸
📸
📸
📸
И навистина е мачка за која мажите редовно и го полнат Инстаграм со коментари, како и сега кога и порачаа дека е најзгодната, дека е мачка, на нејзините нозе им нема рамни и така еден под друг со својот перцептивен агол на гледање возбудени и полудени од приложеното.
Жените и овој пат не заобиколија да и поласкаат, па дури и колешката Лила Филиповска која кратко и порача: „Ептен си срце!“.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.