Дино Баџо, еден од најдобрите фудбалери во Италија во текот на деведесетите годи од минатиот век, за медиумите во својата земја не криеше дека многу тешко го поднле фактот дека Џанлука Вијали не е веќе меѓу живите. Баџо и Вијали заедно играа во Јувентус и во селекцијата на Италија.
“Прерано си замина. Би требало да се истражи што тоа точно користевме кога игравме. Секогаш имаше допинг и ние постојано го користевме. Мораме да сфатиме дека некои работи сега може да бидат трагични, откако знаеме дека пред 30 години сме биле постојано под допинг. И јас стравувам за себем стравувам за својот живот“ рече покрај другото Дино Баџо.
Канаваро добива допинг пред финалето на Купот на УЕФА во 1999 година
По таа изјава, на социјалните мрежи почна да се шири видео од Фабио Канаваро како прима доза неотон, супстанца која ги претвора мастите во енергија, пред финалето на Купот на УЕФА во 1999 година. Добитникот на Златната топка таа година ја предводеше италијанска Парма до победа од 3:0 над Марсеј во финалето на Купот на УЕФА, а снимката беше објавена во 2005 година.
Светската антидопинг агенција ја забрани употребата на оваа супстанца, а една година по објавувањето на снимката, Канаваро стана светски шампион со Италија како играч на Јувентус. После тоj Мундијал се пресели во Реал Мадрид, а денеска раководи со италијанскиот второлигаш Беневенто.
Be the first to write a comment.