Утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина Проф. Д-р Јовица Угриновски, познатиот неврохирург. Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “Неуромедика”.
Од почитуваниот и реномиран доктор, на социјалнте мрежи, се простуваат голем број јавни личности:
-Изразувам огромна почит и благодарност за се што има сторено професорот за македонското здравство, а во овие моменти на тага сакам да изразам искрено и длабоко сочувство до неговото семејство. Со смртта на професор доктор Јовица Угриновски, Македонија загуби врвен човек и професионалец. Вечна му слава!, сподели Ивица Апостолов.
Угриновски како најголем стручњак беше повикан на операционата маса кога требаше да се спасува животот на претседателот Киро Глигоров по атентатот што му беше извршен во 1995 година.
Од него денес на социјалните мрежи се простуваат илјадници пациенти на кои тој им донел здравје и подолг живот.
– Кога 2003 ми беше дијагниостициран тумор на мозок, Чепреганов рече: Ова Угринче ќе го среди за секунда. Денес читам дека и Угриновски починал. Тоа дуо е причината поради која денес дишам и живеам. Вечна слава докторе! 😓, напиша на својот Твитер профил Борче Стаменов, човекот кој секојдневно склопува и поправа стари компјутери кои ги подарува на социјално загрозени семејства, деца со попреченост, или едноставно, наши сограѓани кои не можат да си дозволат сами да си купат.
Кога 2003 ми беше дијагниостициран тумор на мозок, Чепреганов рече: Ова Угринче ќе го среди за секунда. Денес читам дека и Угриновски починал. Тоа дуо е причината поради која денес дишам и живеам. Вечна слава докторе! 😓
— Шлапатало (@shlapatalo) November 29, 2022
Be the first to write a comment.