Што ќе правиме со Вероника од Битола, со Кан и со Ерато од Скопје? Знаете ли уште колку деца со атипичен развој се постојано дискриминирани, а нивните родители очајни и оставени сами на себе? Вероника плаче затоа што останала без својата образовна асистентка на која од непознати причини не ѝ е продолжен договорот за работа, Кан досега сменил дури 4 асистенти, а на средношколката Ерато, родителите мораат сами да ѝ обезбедат асистент.
Секоја учебна година е почеток на нова драма и трауми за родителите и децата со атипичен развој.
Фотографката Ивона Кочов од Битола е мајка на тринаесетгодишната Вероника, прекрасно девојче кое има аутизам. Вероника е сега седмо одделение и оди во редовно училиште, прилично е самостојна и, како што вели нејзината мајка, добро социјализирана.
Но секој септември ова семејство, како и сите други кои имаат деца со атипичен развој, се соочуваат со големи проблеми, речиси непојмливи за луѓето кои имаат деца со типичен развој. Кај нас пак, нивните проблеми се решаваат со темпо на полжав, иако родителите последните десет години се сѐ погласни и поборбени кога станува збор за правата на нивните деца и нивното вклопување во општеството. Меѓутоа, оние кои решаваат и кои можат да ги направат работите подобри, се глуви и слепи за траумите, стресовите и драмите со кои се соочуваат семејствата. Евентуално, се реагира дури кога некоја од многубројните слични приказни не излезе во јавноста, на пример, како онаа со Ембла, девојчето со Даунов синдром од Гостивар.
Нашата соговорничка Ивона се обрати во редакцијата и низ солзи ни раскажа за нивниот проблем.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
Be the first to write a comment.