Додека насекаде низ јавноста се шират вакви или онакви шпекулации, невистини и трачеви за неемитувањето на популаните музичко-забавни емисии на Гранд продукција “Ѕвездите на Гранд” и “Никад није касно” во Македонија, музичкиот портал Музика24 истражуваше и први и ексклузивно ја дознаваа вистината за тоа што и како се случило помеѓу оваа продукција и националната Канал 5 телевизија.
Во разговор со директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски, откриено е за што точно станува збор. Мирчевски објасни што се случувало во изминатиот период за да дојде до прекин на емитување на овие две грандови емисии.
– “Ѕвездите на Гранд” е еден поголем проект со Гранд продукција во Србија каде што тие први ни го раскинуваат договорот, нелегално и безправно без да почитуваат ниту една точна од истиот, што значи дека од формален аспект за нас е валиден тој заеднички потпишан договор. Причината за тоа е следна, ние нив ги фативме како нелегално ја ре-емитуваат програмата на Канал 5 тв надвор од Македонија, меѓу кои и нивната сопствена програма која што пак во договорот со нас ни забрануваат да ја емитуваме надвор од Македонија. Што е правна нелогика. Јас лично им пишав дека вака не иде, а тие си молчеа. Ние од Канал 5 ги снимавме со нотарски записи и имаме 21 нотарски запис со помош на Ви-Пи-Ен од 21 европска земја, Америка, Австралија, Франција, Германија… каде што ги ре-емитуваат не само Канал 5, туку ги ре-емитуваат и сите останати македонски национални телевизии со кои што воопшто немаат договор”, вели за Музика24 директорот на Канал5 телевизија Иван Мирчевски и додава:
“Тотал тв платформата во Македонија речиси секому позната добива конкуренција од српски телеком тука кај нас познати како М-Тел. М-Тел на нас националните телевизии во Македонија почнува да ни плаќа за тоа што го пренесува нашиот сигнал, за што и сме се бореле како што е и впрочем насекаде низ Европа. Законот за заштита од конкуренција вели ако некому си му дал едни услови во овој случај на М-Тел да ти плаќа, мораш на конкуренцијата негова, а тоа е Тотал тв, да му кажеш дека и тој мора да ти плаќа за истата услуга. Тоа им го даваме, им даваме рок од 6 месеци да почнат да плаќаат и им велиме дека не можеме повеќе да работиме со нив бидејќи Вашата конкуренција која што ни плаќа ќе не тужи и ќе изгубиме големи пари. И поради тоа им го раскинавме договорот на Тотал тв (чии сопственици се истите сопственици на Гранд продукција) каде Канал 5 веќе не се емитува. И ние без никакво известување, иако во договорот пишува дека ако постои проблем помеѓу двете компании Гранд продукција и Канал 5 телевизија мора да има 10 дена претходно написмено дека таа и таа страна мора да си ги корегира тие и тие пропусти. Ние од Канал 5 немавме никакви пропусти, но тие сами го раскинаа договорот и тоа е тоа”, додава Иван Мирчевски, директор на Канал 5 телевизија.
Меѓудругото Мирчевски за Музика24 откива дека наскоро емисиите на Гранд продукција ќе се емитуваат на друга национална телевизија, (погодувајте која?!), но како што вели тој таа телевизија е веќе предупредена, бидејќи во веќе споменатите емисии учествуваат македонски изведувачи кои веќе потпишале договор дека ќе се емитуваат на Канал 5 тв. Доколку тоа се случи ќе следат кривични пријави.
Дали и кога ќе се реши разврската со Канал 5, Гранд продукција и новата засега непозната национална телевизија која што од скоро ќе ги емитуваа овие две емисии, не знаеме, но едно е јасно… фановите и гледачите се уште се оневозможени да ги следат своите омилени емисии, и истото мораат да го прават на засега единствениот начин а тоа е YouTube.
Be the first to write a comment.