На страницата „Fan Village Qatar“ беа споделени видеа од обожаватели, кои снимија како изгледаат сместувачките кашацитети во фан селото каде ноќевање чини 200 долари по човек.

Контејнерите специјално наменети за многубројните навивачи кои пристигнаа во Катар привлекоа внимание уште пред почетокот на првенството, а сега гостите решија да покажат како навистина изгледаат.

На TikTok беа споделени низа видеа на кои се гледа дека апартманите сè уште не се завршени и биле пречекани од бројни работници кои работеле на нивно опремување.

Кога конечно влегле во сместувањето, имале што да видат – дамки, кал, валкани подови, а душеците се уште неотпакувани. Пред контејнерот имало бројни кутии и работи кои допрва треба да се внесат во становите.

Цената за едно оќевање во навивачкото село чини од 207 долари нагоре. Инаку, навивачките села се наоѓаат на 40 минути возење од стадионите на кои се играат натпреварите од Светското првенство.

Покрај сместувањето во Катар, фановите често се жалат и на храната и пијалоците, а нивната цена и сомнителен квалитет стануваат главна тема меѓу навивачите на Мундијалот.

📸

📸

📸

📸

📸