Близнаци на возраст од 3 години, двегодишно дете и бебе старо само шест месеци, настрадаа во пожар во стан во Нови Пазар, Србија. Таткото и мајката на дечињата се здобиле со тешки телесни повреди.

Децата се најдени во една од собите и се претпоставува дека се угушиле од димот. Таткото преку тераса се обидел да влезе во собата на децата, но вратата била заглавена.

Таткото, по потекло од Египет, се здобил со изгореници на 45 отсто од телото, а кај мајката, која е од Босна, изгорениците зафатиле 18 отсто од телото.

Причините за пожарот се уште не се утврдени, но се претпоставува дека настанал поради вклучена греалка, на која најверојатно биле оставени алишта да се сушат.

Неофицијално, во моментот на пожарот мајката успеала да скокне низ прозорецот, додека таткото останал во станот и тој е тешко повреден.