Повредата му го спаси животот! Звучи речиси неверојатно, но тоа е вистина. Непосредно пред земјотресот, Огњен Врањеш ја напушти Антакија, град кој беше целосно уништен.
Српскиот фудбалер, член на Хатај, клуб кој потекнува од уништениот турски град, пред катастрофата ја напуштил Антакија поради сплет на неверојатни околности.
Имено, Врањеш заработи повреда на натпреварот на неговиот тим против Галатасарај, поради што мораше да паузира неколку недели. Поради ова, Огњен дошол во Бања Лука на терапија, не сфаќајќи дека тоа ќе му го спаси животот.
Неговиот соиграч Кристијан Ацу заврши под урнатините и се трага по него, некои играчи излегоа од пеколот што ги снајде…
Сето ова беше исклучително тешко за Врањеш, кој се огласува преку социјалните мрежи:
Врањеш пристигна во Хатај на почетокот на оваа сезона и потпиша договор до 2025 година.
Сезонава одигра 15 натпревари во турската Суперлига, а од 14 јануари е надвор од терените поради повреда со која се здоби на гостувањето кај Галатасарај во Истанбул.
По прегледот во Турција, Огњен заминал во Бања Лука каде почнал со препорачаните терапии.
На крајот поради ова избегна да биде во разурнатиот град каде што беа сите негови соиграчи, бидејќи само неколку часа пред земјотресот играа натпревар на домашен терен.
Be the first to write a comment.