Бихаќка место да работи на својот рејтинг кој е пепел, со години, а особено последниве месеци, е во филм дека може да го раситни вмровското гласачко тело. На крајот од постов ќе ви објаснам зошто нема тоа да се случи. Бихаќка не ми веруваше дека ќе биде пепел и за локалните, па согласно нивната матрица – не ми веруваат ни сега. Додуша, имаат некои два-тројца паметни луѓе кај нив, кои се невидливи за јавноста, кои ме следат и кои точно ја знаат опасноста од точна прогноза, кога ќе напишам вакво нешто. Ќе си видат имено самите следна година. Ќе им го препостирам статусов.
ℹ️ Секако, овојпат во ,,мисијата” на СДСМ им помага различен одметнат шлајм, некои екс вмровски структури, суртуци, изгубени случаи, колгерли, кои ден немаат поработено, а направија цели кариери и кеш од тоа ВМРО, кое сега го шиткаат ,,3 за 100″ на јадната Бихаќка.
Нивната цел е да одлеат гласови кон Левица, но проблемот е што Левица не е под американски чадор. Но, на Бихаќка не и е важно тоа, хаотични се и без хиерархија, целта е – одлевање.
Како и да е, фотографијата говори дека не е баш нормално премиер со цела пропагандна машинерија и платени владини структури и кампањи, за 3 часа да има само 450 реакции. И тоа на тема ЕУ. Смешно, нели? Јас песна да постирам со романтичен текст, ќе имам повеќе од него.
⚠️ Зошто сдсмовското тело одамна се раситни, а вмровското се окрупни и следна година ќе ги торпедираат на избори? ❗️СДСМ нема лојално, бетон гласачко тело” на кое може да смета на секои избори. Зависат од неопределените, а тие повеќе не им излегуваат. Сдсмовското гласачко тело попрво ќе остане во пижами во недела и ќе гледа филм, отколку да ги задржи на власт. Тоа впрочем се виде на последните претседателски избори 2019, парламентарни 2020 и локални 2021.
Линијата е во постојан пад споредено со 2016 и политиколошки и статистички нема никакви шанси да се крене, дури и со помош на албански гласови. Им остана последната надеж – да направат хаос во вмровските редови. Тоа го знае Бихаќка многу добро, дека ги удри метеор и дека бројат ситно.
❗️За разлика од СДСМ, вмровското гласачко тело е ,,бетон” и стасува и до 400. 000 и колку и да е разочарано и пцуе по социјални мрежи, излегува на избори. И секогаш ја заокружува опцијата за кои се врзани емотивно. Вмровците за разлика од сдсмовците кои во недела се во пижами, за гласање се спремни од први петли. Фино кажав?
Епа Бихаќка ова нека го помножи пута 2, па нека види што ќе ги снајде следна година. Катаклизма. Така е тоа кога си го сметаш народот за идиот и го храниш со макарони.
Be the first to write a comment.