40 дена откако почина тетка ми Светле, денес почина и чичко ми Марко Илкоски, братучед на татко ми Живко. Не издржа неговото срце без неговата Светле на чија свадба им бев девер.
Бог да го прости, нека му е царството небесно, на најблиските Бог да ви дари утеха, а вие кои го сакавте и бевте со него, вечнаја памјат.
Марко Илкоски беше доајен на новинарството и целиот животен век го помина како новинар во Македонското Радио.
Со телото во Скопје, со срцето во Битуше, со децении пишуваше книга и родослов за нашата фамилија до Дедо Илко од Солун од пред 300 години стигна, така ми кажа.
Го молев, постојано го молев, да ми дојде гостин да ја претставиме книгата но одбиваше дур не ја издаде, го молев да не чека, да дојде веднаш и така, минаа 15 години, он замина, книгата необјавена, а јас не успеав да му направам пиетет кој ќе остане за навек за идните поколенија од него и Светле.
Место светло, мирно спокојно нека Бог им даде.
Be the first to write a comment.