Тригодишно девојче во Мексико се разбудило на сопствениот погреб, откако докторите ја прогласиле за мртва по труење со храна.
Камила Роксана Мартинез Мендоза од Мексико е прогласена за мртва во средата на 17 август, по погрешната дијагноза што ја поставиле докторите во болницата Салинас де Хилдалго во државата Сан Луис Потоси во централниот дел на Мексико.
Мајката на девојчето, Мери Џејн Мендоза, рекла дека нејзината тригодишна ќерка повраќала и имала болки во стомакот и покачена температура. По прегледот во болницата, била лекувана од дехидратација и препишан ѝ бил парацетамол. Неколку часа подоцна родителите забележале дека нејзината состтојба се влошила и вратиле во болницата каде малку подоцна девојчето е прогласено за мртво.
За време на погребот наредниот ден, мајката забележала дека стаклената плоца на ковчегот била замаглена, но присутните ја убедувале дека и се причинува и таа се откажала од обидот да го отвори ковчегот со нејзината ќерка.
Но, потоа еден член од семејството забележал дека очите на девојчето се отвораат, после што го отвориле ковчегот, го провериле пулсот и утврдиле дека е жива.
Камила потоа е вратена во болница каде по втор пат била прогласена за мртва. Телото е дадено на обдукција, а поведена е и истрага за случајот.
Sufre dos veces la muerte de su niña
En San Luis Potosí, una presunta negligencia médica provocó que una niña de 3 años, Camila Roxana Martínez Mendoza, fuera velada aún estando viva. Al darse cuenta la familia la trasladaron a un hospital, pero falleció en el trayecto. pic.twitter.com/sCxhNZyRI0
— Letras de Poder (@Letrasdepoder_) August 23, 2022
Be the first to write a comment.