Од ТУРЦИЈА продолжуваат вестите за исчезнати лица во земјотресот.
Откако беше објавено дека во земјотресот исчезнал Кристијан Ацу, поранешен фудбалер на Челзи и Њукасл кој настапува за Хатајспор, сега пристигна веста дека се трага по Ахмет Ејуп Туркаслан, голманот на турскиот второлигаш Јени Малатијаспор.
Туркаслан во овој клуб е од летото 2021 година, а претходно бранеше во пониските лиги.
„Ја спасивме неговата сопруга, но не можеме да ја најдеме“, беше пораката што спасувачите ја дадоа на еден медиум на местото на настанот во градот Малатја, а брзо се прошири низ сите турски медиуми. Во еден момент во јавноста пробија информација дека Туркаслан е пронајден мртов, но од клубот демантираа.
Според турскиот Фотомак, сопругата на Туркаслан на спасувачите им дала инструкции каде може да се наоѓа, во кој дел од урнатините, но потрагата се уште трае, а нема нови вести за нејзините резултати.
Be the first to write a comment.