Аргентинците на спектакуларен начин ги пречекаа своите миленици, фудбалерите, кои станаа светски шампиони на Мундијалот во Катар, но целата церемонија можеше да се претвори во трагедија.
Играчите предводени од Лионел Меси минаа низ улиците на Буенос Аирес во отворен автобус и беа на кровот кога оддеднаш пред нив се појавија кабли.
За среќа петмината аргентинските фудбалери во последен миг ја забележаа опасноста и ги наведнаа главите за да избегнат евентуални повреди.
Паредес дури и ја загуби капата, која падна од неговата глава на земја, но за среќа немаше никакви сериозни последици за играчот.
¡CUIDADO CON LOS CABLES MUCHACHOS! Insólito momento en la llegada de los campeones del mundo a Argentina.
Se le voló la gorra a Leandro Paredes. pic.twitter.com/mUfGmOTQdU
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) December 20, 2022
Be the first to write a comment.