Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос со емотивна порака на Инстаграм се прости од својот трагично починат пријател Сантијаго Дуран Алзугарај.
Ниту победата на гости над Ајачио, ниту водството на ПСЖ во Лига 1 не можат да му ја олеснат болната загуба на легендарниот Шпанец кој го познава својот близок пријател уште кога биле деца.
„Тагата е дел од разделбата, но денес е многу повеќе, тоа е неправда, лутина и болка, за тебе, за твоето семејство, за сите. Ти благодариме Санти што „ги учеше да летаат“ сите што имаа среќа да те запознаат и уживаат во животот со тебе. R.I.P. брат! Ќе ни недостигаш“, напиша Рамос во емотивната објава на Инстаграм.
Сантијаго Дуран Алзугарај, имал само 36 години, бил пилот на пожарникар чиј авион требало да лета од Кордоба до Галиција. Сепак, леталото исчезна, а посмртните останки на Сантијаго беа пронајдени во Сиера де Порто, во Замора. Зад себе остави сопруга и две деца.
Пилотот беше близок пријател на целото семејство Рамос, вклучувајќи ја и сестрата на дефанзивецот на ПСЖ, Миријан Рамос, која исто така се прости со посебна порака.
Be the first to write a comment.