Трагедија се случила во Бангладеш, земјата каде има најмногу навивачи на Аргентина надвор од земјата на „гаучосите“ откако 40-годишник починал од срцев удар после катастрофата што го снајде двојниот светски првак на отворањето на СП во Катар со поразот од Саудиска Арабија со 1-2.

Како што објави локалниот весник „Публикано“, навивачот Кусар Џавед Какан (40), доживеал срцев удар минути пред последниот судиски свиреж, откако Аргентина немоќно се обидуваше да се извади барем со реми во пресметката со аутсајдерот во групата, кој направи светска сензација.

Какан бил жесток навивач на Аргентина и шокот тешко го преживеал откако Саудијците набрзина во вториот дел направиле пресврт. Тој е жител на Комила, а починал дома во друштво на семејството гледајќи го мечот. Имал три деца.

Kawsar Javed alias Kakon

Бангладеш е земјата која има најмногу аргентински навивачи, кои лани кога „гаучосите“ ја освоија Копа Америка три дена ја славеа титулата, а една поголема група дојде и во Катар за да навива за Аргентина.