Катарина Стаменковиќ (41) почина во авионот на летот за Дизелдорф во потрага по подобар живот за себе и за нејзините малолетни синови. Средена и нашминкана, таа се качила во авион за прв пат во животот со надеж дека ги чека подобро утре и дека повеќе нема да ги чисти туѓите станови.
И пред гаражата која тие ја нарекуваат стан, во белградската населба Церак, помалиот син гледал во небото да го види авионот кога полетал и мавтал кон мајка си.
Горе, на небото и пукнала аневризмата на Катарина, таа починала во секунда, а нејзината мајка Љиљана Иваноски остана на земјата со скудна пензија и две деца за чие старателство сега се бори. Децата немаат ни татко, се самоубил пред седум години. Само што ја закопа ќерка си, баба Љиљана истрча да чисти станови. Да имаат за леб.
Некогаш гаража, а денес стан во мала куќарка на Церак. Во дневната соба нема прозорец. Слаба светлина среде бел ден за да можеме да се видиме. Баба Љиља веднаш скока да го запали огнот.
– За денеска имам уште дрва. Подоцна ќе вклучам греалка, што ќе правам – вели бабата за српските медиуми.
Од собата излегуваат момчињата – помалиот има 12 години, шесто одделение. Постариот е прва година средно. Во таа собичка, како што сите ја нарекуваа, слики насекаде. И потврдата за смртта на Катарина. Тој 13 февруари требаше да биде пресвртница за целото семејство. Попладнето Катарина замина на големиот пат.
– Таа седеше таму, на каучот, каде што седиш. Се нашминка, се дотера. Среќна, убава. Никогаш во животот не летала со авион, никогаш не ја напуштила поранешна Југославија. Во 17:45 ми испрати слика направена низ прозорецот на авионот, се гледа дел од пистата. Малиот штотуку дошол од училиште и вели: „Бабо, одам во дворот да му мафнам на авионот“.
Таа вели дека нејзината ќерка отишла во Дизелдорф, каде што имала ветено работа. Требало да слета во 20:05 часот, па мајката очекувала порака од Германија.
– Седнав и погледнав во часовникот. Ми ѕвони телефонот во 15:00, човек вели дека е инспектор од Сурчин. Прашува кој е кај мене дома, дали има деца, што им е Катарина. „Седнете: Морам да ви ја кажам тажната вест дека Катарина почина во авионот“. Му реков дека лаже, дека не е вистина, викав, врескав – вели бабата, која потоа го фрлила телефонот.
Повторно се јави инспекторот.
– Постариот внук го зеде телефонот. „Знаеш ли дека имам само 15 години, дека немам татко и ми викаш да го земам телото на мојата мртва мајка“, извикал тој во телефонот, а потоа ја удрил главата во ѕид – плаче бабата.
Катарина починала во 18 часот и 50 минути, ѝ пукнала аневризмат. Авионот се вратил назад во Белград.
– Пред четири години беше утврдено дека има аневризма, мораше да се оперира на „Дедиње“. Потоа се беше одложено поради корона, таа беше 256 на листа на чекање!, вели Љиљана која живее во Обреновац, но бидејќи состојбата на ќерка и се влоѓила, често била со неа и со децата.
– Се случуваше да не може да дише или да оди. И во октомври 2021 година, таа лежеше во VMA речиси еден месец, бидејќи се разболе. Потоа и рекле дека аневризмата малку се намалила и дека не и треба операција, но и треба постојана терапија. Утврдено е и дека има деформитет на срцевиот залисток, но дека не му е потребна операција бидејќи, како што објаснија,така е родена и живее со тоа. Имаше и тешка астма. Не сум сигурна дали ја земала терапијата цело време или само кога и било лошо. Но, таа постојано работеше. Цел ден чистеше куќи и кафеани, од утро до мрак. За ситна пари, таа беше платена на час. Само да се хранат овие деца. И затоа била многу среќна што отишла во Германија – вели Љиљана и вели дека дури по нејзината смрт дознале дека не смеела ни да лета, а не знае дали Катарина го знаела тоа.
Be the first to write a comment.