Хулк и во 36 година од својот живот ги тресе мрежите. Легендарниот Бразилецот познат по силата и неверојатните шутеви од далечина настапува за Атлетико Минеиро, а постигна два гола во победата на својот тим против Демократa.

Едниот од нив е вистинска мајсторија и се поставува прашањето дали и два голмани ќе успееа да го одбранат неговиот слободен удар за кој бразилските медиуми пишуваат дека брзината на топката била 120 километри на час.