Во 10 часот и 47 минути кај Драга Башчанска на островот Крк е регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, изјави за Јутарњи сеизмологот Томислав Фикет.
Областа на Кварнер е сеизмички активна, а земјотресите се чести.
– Серии земјотреси се забележани во областа и во последните години. Сепак, по долго време, ова е земјотрес со значително поголема магнитуда. Треба да се има предвид дека на тој простор во 1916 година е регистриран таканаречениот винодолски потрес и имаше жртви. Земјотресот тогаш бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала – нагласи Фикет.
Be the first to write a comment.