Утрово се самоубил Џејсон Дејвид Френк, главен актер во детската серија од 1990-тите „Mighty Morphin Power Rangers“.
Тој имаше 49 години. Откако интернетот беше преплавен со гласини дека тој починал, се огласи неговиот агент кој ја потврди трагичната вест, јавуваат американските портали.
За медиумите агентот изјави дека гласините за смртта на Џејсон „за жал се вистинити“.
Не ја наведе причината за смртта и побара како што рече, „приватност за неговото семејство и пријателите во овој ужасен период на загуба на толку прекрасно човечко суштество“.
Волтер Емануел Џонс, оригиналниот Black Power Ranger кој глумеше со Френк во „Mighty Morphin Power Rangers“, напиша на Инстаграм дека не може да поверува во тоа што го слушнал.
„Моето срце е тажно што изгубив уште еден член од нашето посебно семејство“, напиша Џонс.
Порталот ТМЗ објави дека втората сопруга на Френк, Тами, поднела барање за развод од него во август. Френк останал со четири деца, едно од бракот со Тами Френк и три од првиот брак со Шона Френк.
Be the first to write a comment.