Поранешнoто „жестоко момче“ од Сараево Мирза Хатиќ побегнал од кафуле кога полицијата сакала да го легитимира. На видео кое кружи на социјалните мрежи, Хатиќ може да се види како седи со неколку пријатели во кафуле во Сараево. Во еден момент на Хатиќ му приоѓаат тројца полицајци.
По краткиот разговор, Хатиќ го остава наргилето, внимателно ја зема јакната и му ја подава на збунетиот полицаец, а потоа одеднаш почнува да бега?! На полицијата и биле потребни неколку моменти да се опорави од шокот и да трча по него додека келнерите и гостите зачудено гледале што се случува.
Неверојатната сцена ја снимила надзорната камера на кафулето, но не се знае дали целата ситуација била планирана, со оглед на тоа што Хатиќ сега се занимава со снимање содржини за TikTok. Хатиќ е познат и по кавгите со поранешниот криминалец и учесник во реалното шоу Кристијан Голубовиќ на социјалните мрежи.
Јавноста во Србија за него слушна во 2014 година, кога тој јавно призна дека го урнал православниот крст на Златиште, кој е споменик на Србите кои загинаа за време на војната во Сараево.
Be the first to write a comment.