Стручна комисија ќе даде финално објаснување кога се користел методот, врз основа на документи, рече министерот Сали во вечерашниов поткаст „Разговор во редакција“
Не стивнуваат реакциите во јавноста по објавувањето на документарецот „Нечиста крв“ од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Во него се фрла сомнеж врз работата на приватната клиника „Жан Митрев“.
Министерот за здравство Беким Сали во вечерашниов поткаст „Разговор во Редакција“ вели дека хемофилтрацијата во клиниката се користела како „волшебен“ третман за било каков проблем во организмот.
„Стручна комисија ќе даде финално објаснување кога се користел методот, врз основа на документи“, рече Сали.
„Нечиста крв“ и работењето на Клиничката болница „Жан Митрев“ ги разбранува страстите и на вечерашната дебата во емисијата Клик Плус на ТВ 21 . Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е потребно за овој случај да се расправа и во Собранието.
Be the first to write a comment.