Српските медиуми потсетуваат на некои од најбизарните полициски истраги во Србија.
Какви се’ згоди и незгоди им се случуваат во текот на еден ден на полициските службеници покажува и оваа приказна. Неодамна се потсетивме на жената која се пожали во полиција за вампир, а сега и на пријава што минатата година ја добила полицијата од Врњачка бања.
Добиле дојава дека има лице осомничено дека е дилер на дрога на место каде локалните парови сакаат да поминуваат време сами и да разменуваат нежности.
На прв поглед, ова би изгледало како обичен ден за момците во сино, да не беше објаснувањето на осомничениот, кој, најблаго кажано, јанизненади полицијата.
Имено, дојавата за потенцијален дилер на дрога била причина полицијата да се вмеша во размената на нежности на парови кои сакаат да го користат тоа место за да бидат сами. По проверка на неколку паркирани возила во кои не било пронајдено ништо сомнително, откриле дека двајца мажи фатени за раце се упатиле по шумската патека.
Така тргнале и набрзо виделе автомобил скриен во грмушките, чии стакла биле целосно замаглени. Полицајците тропнале на прозорецот и побарале да ја отворат вратата. Во возилото настанала гужва, а потоа вратата ја отвориле двајца мажи кои си ја средувале гардеробата.
– Збунети им објасниле дека разговарале, но полицијата веднаш ги прашала дали имаат недозволени предмети и им наредила да излезат од автомобилот. Следеше претрес и пронајдена е наркотична дрога кај осомничениот Д.М.- открил изворот.
Како што додава тој, приказната потоа добила сосема неочекуван правец! Д.М го фатила паника, бидејќи количината на наркотици била многу поголема од онаа што би можела да се подразбира за лична употреба, па веднаш почнал да зборува.
-Почна да објаснува дека дошол да посети пријател, и дека тие наркотици му требаат како лек. Во тој момент побарал да го разделатсе одвои од другарот, па рекол дека е ХИВ позитивен и дека се користат амфетамини како помошна дрога. Дека се во врска потврди и пријател на осомничениот, кој рече дека го чува партнерот и му помага колку што може, но дека не знаел дека конзумирал дрога, и дека не знае зошто би го правел тоа – објаснува изворот.
На осомничениот Д.М., по апсењето му било наредено да достави потврда дека е ХИВ позитивен, во спротивно ќе биде тестиран.
Be the first to write a comment.