Хајди Клум со своите следбеници сподели снимка од еден провод, прославата по повод објавувањето на новата песна на пејачката Ким Петрас и раперката Ники Минаж.
Со мелодијата и текстот на песната „Alone“ познатата манекенка заигра во прилично провокативно издание. Со грб свртен кон камерата, таа ја покажа црната танга со златни детали, кои ги откриваше светкавиот фустан без грб.
49-годишната Клум сподели неколку фотографии од прославата на која Петрас за прв пат ја отпеа песната во живо.
Германската манекенка неодамна објави уште попровокативна фотографија на Велигден како позира со зајашки уши, облечена само во бикини.
Be the first to write a comment.