Снимките од воздух го покажуваат степенот на катастрофата во турските градови Газиантеп и Адана.

Повеќе од 2.300 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија во текот на ноќта, срамнувајќи ги населбите додека луѓето спиеја.

Се очекува бројката да биде уште поголема бидејќи продолжува потрагата по преживеани во урнатините.

Смртоносниот земјотрес, кој траеше околу една минута, беше почувствуван до Египет, Либан и Кипар, додека Италија накратко издаде предупредување за цунами долж брегот, кое подоцна беше повлечено.

Луѓето во паника ги напуштија своите домови во градовите низ југоисточна Турција и северна Сирија, засолнети во своите автомобили поради страв од последователни потреси.

Еден човек изјави за Би-Би-Си дека бил убеден оти неговото семејство ќе загине кога земјотресот го потресе нивниот стан на петти кат во јужниот турски град Адана.

– Вакво нешто не сум видел во животот. Се нишавме речиси една минута – изјави Нилуфер Аслан.

Кога земјотресот престанал, тој и неговото семејство избегале надвор.

– Ништо не можев да понесам со себе, стојам надвор со влечки – рече тој и додаде дека се урнале четири згради што го опкружувале неговиот дом.

📸

📸

📸

📸