Српскиот политичар Невен Цветиќанин гостуваше во утринската програма на телевизијата К1 чиј водител беше Јована Јоксимовиќ, а по тој повод неговата мизогина изјава ја шокираше водителката.
Цветиќанин е претседател на форумот за стратешки студии и поранешен српски пратеник, а при своето излагање изговори реченица поради која водителката со неверување го прекина.
– Јована, ти си убава жена, но ова ни за тебе не е тешко“, рече тој.
Јоксимовиќ веднаш реагирала и го прашала: „Што рековте сега? Ти си убава жена, но и за мене не е тешко да разберам?“.
Цветиќанин се обиде да го продолжи своето излагање, но видно вознемирената Јована повторно го прекина.
“Не можам да преминам преку ова. Знаеш колку е грдо тоа што го кажа? Дали го разбираш тоа? Ова никогаш не ми се случило”, рече таа.
Снимката од програмата набрзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина го осудија коментарот на Цветичанин како мизогински и навредлив.
Be the first to write a comment.