Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќта од саботата кон неделата кај Орашје во Босна и Херцеговина, во која загинаа две млади момчиња.

Како што објавуваат босанските медиуми, загинале двајца 23-годишници, Давор Делиќ и Антонио Копиќ.

– На 26.02.2023 год. околу 02:55 часот во ПС Орашје е пријавено за сообраќајна незгода што се случила на Регионалниот пат Р-464 на локацијата Градиште, во која има повредени лица.

На местото на настанот е испратена патрола на сообраќајната полиција од полициската управа Орашје, која ги потврдила наводите од пријавата и утврдила дека во несреќата учествувале еден патнички автомобил и два камиони.

– Во несреќата загинале возачот и сопатникот во автомобилот. На местото на инцидентот е извршен увид, а согласно законот преземени се и други мерки и дејствија – се наведува во извештајот на босанското МВР.

📸

📸