Диего Осорио, поранешен колумбиски репрезентативец, е уапсен откако полициските сили на аеродромот кај него пронашле речиси два килограми кокаин. Како што се наведува, Осорио се обидел да прошверцува речиси 2 килограми кокаин на 8 април годинава, кога патувал од Меделин за Мадрид.
Се обидел да ја прошверцува дрогата во патики. Колумбиецот играше за репрезентацијата на таа земја во 90-тите години, заедно со легендарните Карлос Валдерама и Рене Игита.
Меѓутоа, на крајот од кариерата не му „цветаат рози“, а за тоа секако придонесе вмешаноста во криминал. Во 1998 година, Осорио за прв пат преминал на другата страна на законот, а четири години подоцна (2002) првпат бил уапсен.
Тоа не му било доволно, па пред седум години пак беше уапсен, но казната ја отслужи во домашен притвор. Полицијата ги немаше информирано медиумите и јавноста за немилиот настан што се случил на 8-ми април се до вчера (6 мај).
Be the first to write a comment.