Британската инфлуенсерка со најголеми гради се соочила со голем проблем поради нив, кога ја нападнале патниците во авионот Лејла Паркер не престанува да ги шокира луѓето со своите огромни гради поради кои неодамна се соочила со проблем.
Имено, Лејла објаснила дека резервирала и платила карта за седиште во економската класа. Меѓутоа, излегло дека тој простор е премногу мал за да може таа удобно да се смести.
„Малите седишта не се добри за моите гради, се борам за да не им го попречувам патот на другите патници“, рекла таа.
Младата инфлуенсерка истакнала дека на патниците им пречеле нејзините облини, па настанала расправија во авионот поради тоа.
„Другите патници беа многу злобни кон мене. Една жена побара од стјуардесата ’да се поместат оваа девојка и нејзините глупави ц***и’. Кажа и дека упорно го туркам нејзиниот дечко, но јас едноставно немав доволно место“, објаснила Лејла.
Таа тврди и дека одредени патници барале да бидат преместени поради за нив неприфатливиот поглед на нејзините гради. Додала и дека вработените во авионот застанале на страната на патниците и дека ја преместиле во кујната.
„Немаа други седишта, така што поголемиот дел од летот го поминав во кујната. Беше навистина мачно“, заклучила и рекла дека се жалела кај авиокомпанијата, но дека сѐ уште не добила извинување.
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.