Фестивалот Сан Ремо синоќа заврши со победа на пејачот Марко Менгони кој настапи со песната „Due vite“, а во изминативе седум дена можевме да видиме дефиле на познатите кои ја одбележаа италијанската шоубиз сцена.

Овој фестивал не е само изложба на прекрасна музика, туку и вистинско шоу во кое важна улога играат италијанските дами на сцената. Синоќа како гостинка на фестивалот се појави Луиза Раниери, икона на италијанската кинематографија и една од најпознатите актерки.

Убавата 49-годишна жена на сцената излезе во провокативен и многу впечатлив фустан на брендот Версаче, воодушевувајќи ја публиката со својата сексипилност и посебна харизма, но и со очигледната самодоверба.

Оваа црна тоалета е украсена со вкрстени пруги и проѕирни детали на половината, но предизвикувачките детали не завршуваат тука – има и прилично лабаво, отворено деколте и шлиц на средината што ги откри дури и нејзините гаќички и неверојатно тонирани, извајани нозе за време на спуштањето на Луиза по скалите.

Убавата бринета успеа да изгледа многу заводливо и да ја истакне својата сексипилност, но без тоа да изгледа премногу вулгарно. Изгледот го комплетираше со едноставни црни сандали со прерамки и златни прстени.

Што мислите вие за изборот на Луиза – дали претерала?

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸