Почина легендарниот фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ по долга и тешка борба со ракот. За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден.

Првпат му беше дијагностициран рак на простата во 2011 година, но Блажевиќ се избори со болеста. Една година потоа, тој беше опериран од меланом во почетна фаза. Во септември 2019 година, тешката болест повторно се врати, а за жал овој пат Чиро не излезе како победник.

Мирослав Чиро Блажевиќ е роден во 1935 година во Травник, каде што ја започна својата играчка кариера.

Фудбал играше до 31 година, кога стана тренер на швајцарскиот Сион, а во 1979 година ја презеде репрезентацијата на Швајцарија. Неговиот подем како тренер започна во 1979 година, кога дојде во Риека.

На крајот на сезоната му се приклучи на Динамо, со кој ја освои титулата југословенски шампион во 1982 година.

Со Динамо следната сезона го освои Купот на Југославија, а на крајот од сезоната за првпат го напушти Динамо во швајцарскиот Грасхопер со кој го освои швајцарскиот шампионат. Од 1994 година ја водеше хрватската репрезентација.

Ова се неговите најлегендарни изјави

Неговата генијалност најдобро се препознаваше преку антологиските изјави. Ова се некои од незаборавните.

АНЕГДОТА ОД ДЕСТВОТО

„Мајка ми сакаше да бидам свештеник. И така јас одам во манастир и ја видов убавата сестра Аурора. Кога ја видов, „сунце ти је*ем“, си реков: „Ќиро, ова не е за тебе“.

По триумфот на Аргентина против Србија и Црна Гора на СП 2006 година изјави:

„Добро, 6:0 е голем резултат, но сепак може да се издржи. Но 7:0? Тоа е посебен срам“.

Ќиро не беше само „човек од рајот“, тој беше и рај. Се трудеше сите луѓе да ги направи свои пријатели.

Зошто е најдобар тренер на сите времиња:

„Јас велам дека сум подобар тренер од Капело. Потоа ме прашуваат: „Како тоа?“ Па, ако Капело или Мурињо се родеа во Травник, ќе стигнеа само до Турбет (место до Травник). Нека стигнат тие од Травник до фудбалскиот врв, ма ајде“

Искуство со покојниот претседател

„Туѓман ми викаше од креветот да не не доближувам бидејќи може да добијам грип. А јас вчетав во неговиот кревет и викнав: „Претседателе, го сакам твојот грип“.

Легендарна изјава од СП 1998 во Франција

„Ниту Звоне (Бобан), ниту јас не би го дале Шукер за десет Батистути. Да ти е*ам Батистута“.