Израелскиот весник Хаарец објави дека Ријан Сулејман бил преплашен и дека доживеал срцев напад кога израелските војници дошле да ги уапсат неговите браќа во нивниот дом во градот Текоа на Западниот брег.
„САД со голема тага ја примија веста за смртта на невиното палестинско дете“, кажа заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател кога на конференција за новинарите му беше поставено прашање за момчето.
Мохамед Сулејман, чичко на момчето, кажа дека Ријан бил дома со родителите и двајцата браќа кога израелските војници затропале на вратата. Тој додал дека војниците сакале да ги уапсат двајцата браќа, на возраст од осум и десет години, бидејќи наводно ги гаѓале војниците со камења, објави Хаарец.
„Таткото на Ријан ја отвори вратата и војниците влегоа. Тогаш настана хаос и врискање. Од страв (Ријан) падна и доби срцев удар“, кажа Сулејман и додаде дека момчето немало здравствени проблеми. „Беше целосно здраво и среќно момче, и го изгубивме за неколку минути“.
Израелската војска соопшти дека го истражува случајот и дека првичната истрага „не нашла никаква врска меѓу смртта на момчето и активностите на војниците во таа област“.
Be the first to write a comment.