Снимка со српската водителка Ивана Шопиќ стана вирална на социјалните мрежи поради лапсусот што го имаше во емисијата „Народ пита“.

Имено, гледачот ја прашал Милица Веселиновиќ дали слушнала за Зигмунд Фројд, а Ивана ова го слушнала како „Zasigurna trojka“, што и рекла.

Сите во студиото се смееја, а видеото набрзо почна да кружи низ мрежите каде луѓето не можеа да се изначудат од она што таа го кажа.

Ова го насмеа и колегата на Ивана, Драган Маринковиќ- Маца, кој видеото го сподели на Инстаграм.

Истиот клип на својот Инстаграм го сподели и пејачката Ана Николиќ.

„Бог и батина“, напиша Ана со емотикони на кои „плаче од смеа“.

„Оваа жена е срамот на годината“, „Мими Оро, потргни се“, „Срамота за овој народ“, беа само дел од коментарите на Твитер.