Пејачката Теа Таировиќ се огласи по настапот во Виена, а нејзиниот настап уште еднаш никого не остави рамнодушен.
Теа редовно и приредува на публиката провокативни моменти и стајлинзи, а токму кога нејзините фанови ќе помислат дека сето тоа го виделе, таа изненадува со нешто ново.
Теа, која беше приведена на почетокот на октомври, била резервирана со месеци однапред, викендите ѝ се работни, пее речиси секоја вечер, а претходниот викенд настапи во Виена каде пред обожавателите се појави во проѕирен фустан со реси и ги покажа своите атрибути.
Таа на социјалните мрежи призна дека има страв од сцената, но на сцената тоа воопшто не се гледа, бидејќи атмосферата ја довела до својот врв и дефинитивно им приредила незаборавна вечер на фановите.
Се вртеше, мрдаше со колковите, клекна пред публиката и којзнае колку пати го изведе својот секси танц.
Be the first to write a comment.