Два силни земјотреси утринава ги погодија Турција и Палестина, а регистрирани се повеќе од 2.300 жртви. Евидентирани се и голем број повредени, меѓу кои и германскиот фудбалер со турско потекло Барис Басдас, кој преживеа вистинска драма.

Во станот го разбудил силен земјотрес, а за да си го спаси животот скокнал од вториот кат. За време на падот, Бариш се здоби со тешка скршеница на ногата и неговата кариера e доведена во прашање.

Неговиот соиграч од Јени Малтајаспор Ејуп Туркаслан за жал загина во несреќа.