Два силни земјотреси утринава ја погодија областа на Турција. Разорниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следел нов потрес со јачина од 6,7 степени.

Акцијата за спасување трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат да ги извлечат мртвите и повредените од урнатините.

Според последните податоци, бројот на загинати се искачи на 2.200 лица.

Во меѓувреме, фотографијата која го обиколи светот е бебе извлечено од урнатините. Имено, спасувачите по напорни акции успеале да пронајдат неповредено дете и да го доведат на сигурно, а судејќи по коментарите од мрежите, фотографијата расплака многумина.

Потрагата по исчезнатите и луѓето под урнатините продолжува.