Поројните врнежи од дожд во крајбрежните области во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 лица, а неколку стотици останаа без своите домови, соопштија локалните власти.

Сао Паоло прогласи 180-дневна вонредна состојба во шест градови поради екстремните временски услови. Најголемото пристаниште во Јужна Америка, Сантос е затворено поради силните ветрови и брановите од над еден метар.

Спасувачките мисии продолжуваат. Временските прогнози најавуваат продолжување на обилните врнежи.

📸

📸

📸