Босанската манекенка Теа Бошковиќ со објава на својот Фејсбук профил откри дека е бремена, а со партнерот позираше на плажа во Мајами.

Убавата мостарка сподели неколку фотографии на кои фокусот е токму на нејзиниот труднички стомак. Во една од нив нејзиниот партнер го бакнува стомакот на манекенката.

Теа, која своевремено беше еден од најбараните босански модели во описот на фотографиите со хаштаг „ние тројцата“ посочи дека наскоро ќе стане мајка.

Бошковиќ со манекенство се занимава од 2011 година, а во текот на својата долга кариера беше баран модел на модните писти низ регионот, но и во земји како Австрија, Швајцарија, Словенија, Тунис, Либан, Англија и Турција.

Таа се појави и во музичките спотови на бројни регионални музичари како Хари Мата Хари, Амел Ќуриќ, како и во спотот на групата Дивље јагоде.

Интересно е што манекенската кариера ја замени со психологија, а по магистратурата се запиша на пет години интегративна психотерапија, а нуди и онлајн психолошко советување.

„Навистина ја сакам психологијата и кога повторно би се запишала на факултет би го избрала истото. Едноставно, тоа е магична наука која освен што влијае на личноста која ја проучува, објаснува многу работи во животот“, вели таа.