Никола Кељановиќ Кеља, во Србија попознат како „татиниот син“, постојано го привлекува вниманието во јавноста.

Дваесет и тригодишен млад човек преку социјалните мрежи се фали со својата екстраваганција, луксуз и препуштање на пороците.

Тој е познат по своите луксузни автомобили и речиси да нема кој не знае за неговото златно Порше.

Како што пишуваат тамошните медиуми, од Кеља неодамна биле одземени два автомобили, но тоа не го спречува да дивее по улиците на главниот град.

И додека живее на висока нога на социјалните мрежи, се чини дека реалноста е малку поинаква. Кеља не го полни резервоарот на своите бесни машини, туку им дава „со лажичка“.

На Инстаграм го сликаше својот автомобил и напиша: „Точи за 1000“.

Да потсетиме, Никола се најде во центарот на вниманието на јавноста кога минатата година го искрши златното „Порше Панамера“ на неговиот татко и со тоа се пофали на својот Инстаграм профил. Младиот човек по несреќата иронично рекол „Ќе ме убие тато“, а потоа го снимил своето разбиено Порше со коментар „Ќе биде подобро“.

Исто така, како што веќе пишуваа медиумите, полицијата со помош на ЈКП паркинг службата еднаш со „пајак“ му го одзеде возилото на Кељановиќ, а на Инстаграм „татиниот син“ без двоумење приложи потврда за привремено одземање на возилото. Погледнете како тоа изгледаше во галеријата подолу.