Новиот британски крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила беа крунисани во саботата во Вестминстерската опатија во Лондон. На церемонијата присуствуваа и претседателот на Црна Гора во заминување Мило Ѓукановиќ и неговата сопруга Лидија.
Ѓукановиќ на официјалниот Твитер профил порача дека е голема чест да се претставува земјата на крунисувањето, а честитката е илустрирана со неколку фотографии.
Првата дама на Црна Гора и во последните денови од мандатот на нејзиниот сопруг ја задржа навиката да носи многу скапа облека.
Таа се појави во жолт свилен фустан од брендот Valentino, кој чини 11.000 долари, односно нешто помалку од 10.000 евра.
Според податоците на Агенцијата за спречување на корупцијата, Мило Ѓукановиќ има плата од околу 2.400, а неговата сопруга околу 1.000 евра месечно. Просечната плата во март во Црна Гора била 781 евро.
Be the first to write a comment.