Вагон Б3, седиште 67. Тоа беше седиштето на кое седеше несреќната 23-годишна Ифигенија Мицка, која е меѓу загинатите во железничката несреќа во Темпи.

Телото на несреќното девојче било идентификувано со методот на ДНК анализа додека пријателите и роднините го барале преку социјалните мрежи. Адвокатот на нејзиното семејство објави фотографија што ја направил од внатрешноста на возот „Интерсити 62“.

Фотографијата која адвокатот Стелиос Сурлас ја објави на својот Фејсбук профил на најсуров начин ја доловува сериозноста на судирот на двата воза, бидејќи се е уништено.

Во исто време, Сурлас во изјава за protothema.gr, нагласува дека она што го бараат родителите на 23-годишната Ифигенија е да се утврди одговорноста и да се казнат одговорните, кои и да се.

Фотографијата која ја објави адвокатот на семејството на загинатата Ифигенија (23)

– Семејството на починатата 23-годишна Ифигенија Мицка е уништено и шокирано од прераната смрт на нивната ќерка. Она што го бараат е да се утврдат одговорностите, да се казнат одговорните, кои и да се тие и да се оправда споменот на нивната ќерка, вели Сурлас.

Претходно, тој во изјава за новинарите изјави дека никој од компанијата не контактирал со семејството за да се извини.

– Има одговорности и тие не се само за свртничачарот, туку се и проширени. Криминални одговорности има во компанијата и политичките лидери кои со години не се грижеа да ги надгледуваат безбедносните мерки што требаше да постојат, рече тој.