Тело на непознат маж е пронајдено вечерва околу 20:00 часот на улицата „Нова“ кај населбата Липов Гај во приградското населено место Ветерник во Нови Сад.

Телото било пронајдено на паркингот пред новосадски ресторан покрај паркиран автомобил, а полицијата се сомнева дека се работи за убиство.

– Како што неофицијално дознаваме, дошло до тепачка во која еден маж бил претепан до смрт. Камерата од блиската куќа го снимила целиот настан. Имено, убиениот бил во автомобил со друго лице со кое се скарал, а кој потоа брутално го претепал, излегол од возилото и се оддалечил, објави Телеград.рс.

Според првичните информации, станува збор за лице на возраст од околу 40 години, а бил пронајден покрај автомобил со новосадски регистарски таблички.

На местото на настанот излегле полициски патроли и екипа на Брза помош.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската Итна помош, нивната екипа добила повик од полицијата во 20 часот и 16 минути. По пристигнувањето на местото на настанот, непознат маж бил пронајден без знаци на живот.

Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.

📸

📸